Македонија
28. February 2018 - 20:38

Остатоци од кашест снег на коловозите

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а наместа има остатоци од кашест снег. Слаб снег провејува во Делчево.

Од јавното претпријатие „Македонија пат“ информираат дека се уште е на сила забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Од ЈП Македонијапат апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината  кон условите на патот.