Кошарка
11. April 2017 - 12:00

Остануваат две празни места за НБА плеј-офот

 
 Трите екипи кои се борат за последните две места во доигрувањето за титулата во НБА лигата ноќеска забележаа победи.
 
Индијана ја совлада Филаделфија, Чикаго беше подобар од Орландо, додека Мајами по продолжение го победи шампионот Кливленд.
 
Епилогот околу конечната листа на учесници во плеј-офот ќе биде познат по одигрувањето на последните натпревари од лигашкиот дел.
 

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 66-15 (победи-порази), Сан Антонио 61-20, Хјустон 54-27, ЛА Клиперс 50-31, Јута 50-31, Оклахома Сити 46-34, Мемфис 43-38, Портланд 41-40,... 

Пласман Источна конференција: Бостон 52-29 (победи-порази), Кливленд 51-30, Торонто 50-31, Вашингтон 49-32, Атланта 42-38, Милвоки 42-39, Индијана 41-40, Чикаго 40-41, Мајами 40-41,...