Останала заклучена во ладилник, преживеала благодарејќи само на една работа
Лејла работела во голема фабрика за месо. Еден ден, кога ја завршила својата смена, отишла во ладилникот нешто да провери и во момент на невнимание вратата од ладилникот се затворила и таа останала заробена внатре. Иако викала за помош, никој не ја слушнал бидејќи веќе сите си отишле дома, а и ладилникот бил изолиран така да никој не би можел да ја слушне дури и да е во близина.
Останала во оваа разладна комора и знаела дека е осудена на смрт ако мора да го дочека утрото. По неколку часа оваа девојка веќе била речиси замрзната и се опростувала од животот. Сепак, во еден момент вратата ја отворил ноќниот чувар и ја извлекол од ладилникот.
Кога подоцна го прашала чуварот зошто дошол до ладилникот и ја отворил вратата, иако тоа никогаш не била негова вообичаена рутина, тој објаснил: „работам тука вече 35 години. Десетици вработени секој ден излегуваат и влагаат, но ти си една од ретките која секое утро и секоја вечер ме поздравува. Многу ме третираат како да не постојам. Денес кога дојде ми рече „Добро утро, како сте“ и се насмеа. Но по работното време не го слушнав твоето „Пријатно, се гледаме утре“. Тие зборови ме потсетуваат дека сум личност. Знаев дека нешто недостасува и затоа тргнав во потрага низ фабриката. Така те пронајдов“.
Лекција: Однесувајте се кон луѓето со почит. И чуварот и чистачката се луѓе како вас. Ценете ги луѓето кои умеат да разговараат со доктори на наука, но и да бидат љубезни со некој кој во тој момент е на пониска позиција. Никогаш не знаете што ќе биде утре.
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж