Живот
30. September 2015 - 15:29

Останала зачудена - Погледнете што пронашла мајката на Дражен Петровиќ на неговиот гроб

Бисерка Петровиќ во понеделникот наутро дошла на гробот на својот син Дражен, а на него ја пречекало изненадување.
 
Некој на гробот на поранешниот југословенски кошаркар оставил грст медали, без каква било порака и име.
 
„Се случувало и порано некој да остави медал, но тоа најчесто би бил еден со порака. Повеќепати имам најдено медал што некој му го подарил на Дражен за роденден или за годишнина од смртта. Но, овој пат ги имаше многу. Ги земав, добро ги исчистив, бидејќи два дена врнеше дожд, ги однесов во Музејот и ги избројав. Ги има дури 16“, рекла госпоѓа Петровиќ, која била пресреќна што никој не ги зел оставените медали во текот на двата дена колку што таа не била на гробот.
Би сакала лицето што ги оставило да се јави за да можам да му се заблагодарам и да ги внесам сите медали во евиденција. Станува збор за кошаркарски медали од помлади категории освоени на турнири во Хрватска и во Италија.
Тие ќе останат сочувани во Музејско–меморијалниот центар „Дражен Петровиќ“, кој се наоѓа до салата на Цибона. Бисерка има намера да отвори изложба со сите медали и слични предмети кои обожавателите на Дражен низ годините ги оставале на гробот.