Останала бремена со ин витро: Кога виделе на кого личи бебето, збеснале
Доктор од Онтарио, кој работел во клиника за вештачко оплодување, е обвинет дека ја користел сопствената сперма при оплодувањето на неколку пациентки.
Даниел и Давина Диксон, заедно со нивната ќерка Ребека, во вторникот поднеле тужба против доктор Норман Барвин, откако дознале дека девојката не е биолошко дете на таткото, пишува „Би-Би-Си“.
На Диксонови, Барвин им помогнал да ја добијат Ребека во 1989 година. Според изјавите кои ги дале во Врховниот суд на Онтарио, тие верувале дека докторот при оплодувањето ја користе семената течност од Даниел. „Од раѓањето на Ребека во 1990 година, за време на целото нејзино детство, тие верувале дека таа е нивна биолошка ќерка“, стои во документот.
Почнале да се сомневаат во докторот, кога Даниел случајно налетал на статија на „Фејсбук“, во која прочитал колку е мала веројатноста двојка, во која и мажот и жената имаат сини очи, да добијат дете со кафеава боја на очите. Семејството заминало на тестирање и нивните сомнежи биле потврдени.
Почнале да истражуваат за минатото на доктор Барвин и откриле дека уште во 2013 година бил казнет дека со погрешна сперма вештачки оплодил три жени во клиника во Отава. Забележале и дека Ребека неверојатно личи на доктор Барвин.
Неколку месеци подоцна, Ребека на интернет ја пронашла 25-годишната Кетрин Палмер, биолошка ќерка на доктор Барвин, чии родители исто така биле негови пациенти. Тие направиле ДНК тест, кој покажал дека се полусестри.
Адвокатот на Диксонови тврди дека е можно Барвин да ја користел сопствената семена течност за оплодување на пациенти.
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца