Македонија
7. October 2016 - 15:53

Основните училишта и градинки во Ѓорче Петров подготвени за грејната сезона

Испорачано е масло и огревно дрво за потребите на основните училишта и градинки на територијата на Ѓорче Петров, информира денеска Општината.

Како што стои во соопштението, 132.000 литри екстра масло за греење се испорачани во училиштата „Јоаким Крчовски“, „Мирче Ацев“, „Страшо Пинџур“, „Ѓорче Петров“ и „Димитар Поп Георгиев-Беровски“ , како и во сите клонови на градинките „Росица“.

Во ООУ „Тихомир Милошевски“ во село Ново Село се уште се во употреба котли за чие загревање се користи огревно дрво и истото е веќе обезбедено во јуни месец во количина од 137 кубни метра дрва, а во подрачното училиште „Јоаким Крчовски“ во село Никиштане испорачани се вкупно 60 кубни метра дрва, информира општина Ѓорче Петров.