Основната каматна стапка на Албанија на историски минимум
Албанската Централна банка доплнително ја намали својата основна каматна стапка за 0,25 процентни поени на 1,5 отсто, што претставува нејзин нов историски минимум, јави дописникот на МИА.
Претходното намалување на каматата беше кон средината на ноември минатата година, кога Надѕорниот одмор на Банката соопшти дека со тоа сака да даде нов поттик во зголемувањето на потрошувачката и инвестициите.
Сегашното намалување, според гувернерот на Централната банка, Гент Сејко, се очекува да даде дополнителен импулс на економијата.
- Понатамошното олеснување на монетарната политика има за цел да даде дополнителен импулс на економската активност, преку стимулирање на растот на внатрешната потрошувачка и подобрување на нејзината пофдршка со банкарски кредити. Исто така, ова движење сигнализира волја на Централна банка на Албанија, под секој услов да ја зачува стабилноста на цените, изјави Сејко.
Ваквиот чекор на Банката следува откако во февруари стапката на инфлацијата во Албанија падна на 0,2 отсто, што е нејзино најниско ниво во последните 13 години.
Сејко е категоричен дека Централна банка на Албанија ќе направи се за да не дозволи економијата да западне во дефлација.
Според Топ-чанел, ова е 15-то по ред намалување на основната каматна стапка.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка