Македонија
29. September 2016 - 16:31

Основен суд Скопје 1 - Скопје: СЈО прави преседан - доставиле наводни докази за ,,Трезор‘‘ на меморија што не може да се отвори

Специјалното Јавно Обвинителство крие докази од судот за четирите лица за кои бара мерка претпазливост во случајот Трезор – реагираат од Основниот Суд Скопје 1.

Преку соопштение до медиумите, од судот се жалат дека обвинителите на Јанева до нив доставиле докази во електронска форма на УСБ стик, но УСБто било кодирано и судиите на претходна постапка не можеле да ги отворат и да ги разгледаат доказите.

- Со оглед на ново настанатата ситуација службено лице кое во судот ги заведува предметите го извести СЈО дека неможе да се пристапи до наведеното УСБ бидејќи истото е кодирано на што е добиен усмен одговор од обвинителството дека доказите ќе може да се разгледуваат само и исклучиво во нивно присуство и дека само тие ќе имаат право да пристапат до нив – известуваат од Скопје 1.

По настанот, судиитеете одлучиле на Јанева да и ги вратат предметите со кои се бара мерка претпазливост за лицата во случајот трезор, затоа што по закон не може да донесат мерка за претпазливост без да ги согледаат доказите и да оценат дали се основени да се одреди мерката.

Од Скопје 1, однесувањето на Јанева го коментираат како преседан.

- Согласно ЗКП во секој предлог на странките истите се должни, заедно со предлогот, да достават и правно релевантни докази, во соодветна писмена форма,  врз основа на кои судот би можел да постапува и одлучува. Ова е преседан во досегашното постапување пред овој суд.

Судиите ја прашуваат јанева дали со ваквиот однос нејзиното обвинителство се обидува да ја одолговлекува постапката против лицата за кои бара мерка претпазливост, а за тоа одговорноста сака да ја префрли на судот?