Основците ги испратија пораките за мир
На импровизирани гулаби закачени на балони, децата од основното училиште “Димитар Миладинов” во Скопје, ги пренесоа своите желби за мирно детство на сите дечиња во светот.
Светскиот ден на мирот во училиштето беше одбележан со приредба на најмалите, на која главната порака беше дека среќно дете е она кое расте во мирни услови.
Светскиот ден на мирот преку цртање графити и младински марш за мирот го одбележаа и седум основни училишта од општина Бутел. Околу 100 ученици од оваа мултиетничка среднина заедно со градоначалникот Велимир Смилевски одржаа и дискусија на тема мир во Градскиот парк.
Меѓународниот ден на мирот се одбележува од 1981-та година, кога Генералното собрание на Обединетите Нации го прогласи како ден посветен на зајакнување на идеалите за мир меѓу сите народи и народности.
-
Горан Симоновски
Сите содржини од овој новинар