Османи: Знам дека не ви се верува, но од медиуми дознав дека „Еуровиа“ е донатор на ДУИ
Министерот за надворешни работи Бујар Османи во одговор на новинарско прашање кажа дека дека не знаел дека фирмата „Еуровиа“, која го доби тендерот од 1,8 милиони евра за министерската конференција на ОБСЕ во Скопје, е донатор на ДУИ. Османи вели дека тоа го дознал од медиумите и рече дека не му било сеедно. но дека нема начин да се избере друга фирма оти според законската постапка треба да се избере најевтината понуда.
„Постапката е крајно транспарентна, Министертсвото нема никаква можност да реагира и да го поништи тендерот. Ова е најважен настан во мојата кариера и никогаш не би дозволил да остави дамка. На службите им реков веднаш да ја пратат целата документација до Антикорупциска комисија и Обвинителството. И вие да бевте на мое место ќе немавте друг избор, ќе го направевте тој избор инаку ќе одговоравте. Еве, да донесеме закон за компаниите што донираат на партии да не може да учествуваат на тендери. Знам дека не ви се верува, јас од медиуми дознав дека фирмата е донатор на ДУИ. Не бев среќен кога ми го донесоа извештајот за рангирање, оти ги очекував ваквите реакции“, кажа Османи.
Фирмата од Желино која го доби тендерот за преадаптација на спортскиот центар „Борис Трајковски“ е во сопственост на Ељмедин Адеми, внук на поранешниот министер од ДУИ, Абдулаќим Адеми. Сопственикот Ељмедин лани на ДУИ како физичко лице донирал 2.509.200 денари (над 40.000 евра), додека правното лице „Еуровиа“ донирало 1.845.000 денари (30.000 евра).
Ново на Сител
-
Осум уапсени за сквернавење на македонското знаме, ќе има уште многу, најавуваат од МВР
-
Мицкоски: Инцидентите се дел од планот за дестабилизација
-
Мицкоски најавува справување со корупцијата во правосудството од понеделник
-
Мицкоски: Ние веќе немаме што да дадеме
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
„Блек Фрајдеј“: Маркетиншки трик или реални попусти?
-
Патот Охрид - Кичево црна точка во сообраќајот
-
“Скапи” честитки за родители чии деца се невакцинирани согласно календарот