Османи: Заедничката владина седница круна на односите меѓу Македонија и Косово
Деталите и информациите во насока на подготовката за претстојната заедничка седница на владите на Македонија и Косово разменија денеска вицепремиерот задолжен за европски прашња Бујар Османи и косовскиот заменик-премиер Енвер Хоџај.
На седницата се очекува да се потпишат повеќе договори за меѓусебна соработка, како и да се донесат повеќе одлуки околу иницијативи за проектите од интерес на двете земји.
- Македонија и Косово немаат отворени прашања, што претставува основ на која се градат нашите добрососедски односи, истакна Османи на средбата.
Посочи дека владите имаат обврска добрите односи меѓу народите на двете земји да ги преточат во реални политики, со кои ќе се овозможи дополнителен напредок во соработката, комуникацијата, размената и воопшто севкупната соработка меѓу дете земји.
Османи и Хоџа разгледаа повеќе иницијативи за меѓусебна соработка. Разговарале за унапредување на соработката во сферите на енергетиката, унапредување на инфраструктурата, олеснување и поефтинување на телефонската и дигиталната комуникација во насока на намалување на роамингот. Разговарале и за унапредување на меѓусебното признавање на документите како што се возачките дозволи.
Финализацијата на сите овие иницијативи се очекува за време на одржувањето на првата заедничка владина седница.
Османи напомена дека меѓусебната соработка на земјите од Западниот Балкан е еден од основните предуслови за севкупен напредок на регионот за европските интеграции на државите и додаде дека напредокот во меѓусебната соработка меѓу Македонија и Косово е пример за тоа.
Заедничката владина седница со Косово е дел од серијата заеднички седници на Владата на Република Македонија со владите од соседството.
По одржаните заеднички седници со Бугарија и Албанија, во следниот период се очекува одржување и на заеднички владини седници со Србија и со Косово.
Ново на Сител
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово