Македонија
28. January 2022 - 11:13

Османи за Лимани: Со среќа нека им е на сите што мислат дека има подобро од ДУИ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во гостувањето во Утрински брифинг говореше за најавите на поранешниот заменик-директор на ЕСМ и внук на Али Ахмети, Фатмир Лимани, кој порача дека ќе се приклучи кон партијата Беса заедно со својата политичка структура.

„Од ДУИ, во овие 20 години произлегле над 13 политички партии сите со краток здив .И тоа од политички фигури кои биле на високи функции во партијата. Господинот Фатмир Лимани не бил на ниту една висока позиција во партијата така со среќа нека им е на сите што мислат дека има подбро од ДУИ“, рече Османи.