Османи во Рига на состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО
Министерот за надворешни работи на Република Северна Македнија, Бујар Османи денеска и утре во Рига ќе учествува на редовниот состанок на Северноатлантскиот Совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи.
-За време на дводневните работни сесии ќе бидат разгледани прашања од стратешко значење на Алијансата, како што се состојбите во Авганистан, справување со актуелните и идни безбедносни предизвици, како и соработката со партнерите. Министрите ќе расправаат и за новиот Стратешки концепт на НАТО, како значаен документ во однос на идната геостратешка улога на Алијансата. Од особено значење ќе биде дискусијата за стабилноста и просперитетот на Западен Балкан, каде се очекува да биде истакната потребата од заедничко, стратешко делување и пристап на НАТО и ЕУ кон Западен Балкан како основен предуслов за стабилноста и просперитетот на регионот, се вели во соопштението од МНР.
На маргините на состаноците во Рига, како што информираат од Министерството за надворешни работи, во агендата на Османи се предвидени и бројни билатерални средби со министри за надворешни работи на земјите-членки на НАТО.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени