Османи во Париз: По локалните избори Владата се враќа на реформската агенда
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи на средбите во високи француски функционери во Париз ја потенцирал одличната атмосфера и услови за одржување на првиот круг од локалните избори.
Тој, како што соопшти Секретатијатот за европски прашања, посочил дека првиот круг минал во мирна, фер и натпреварувачка атмосфера, што беше потврдено во прелиминарниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР, поддржан од делегацијата на ЕУ, Амбасадата на САД, како и од релевантните домашни набљудувачи.
Османи за време на работната посета на Париз одржа одделни средби со Емануел Ленан, советник во Кабинетот на премиерот Едуард Филипе, Сабине Тилае, претседателка на Комисијата за европски прашања во францускиот Парламент и со Бертранд Соре, претседател на Франко-македонската група во Парламентот.
Тој на средбите информирал за текот на спроведувањето на реформите, содржани во Планот 3-6-9, посочувајќи го притоа привршувањето на делот три, чија реализација завршува со завршувањето на локалните избори.
Османи ја потврдил посветеноста на Владата за натамошно спроведување на длабоки реформи во насока на унапредување на евроатлантските процеси на Македонија.
- По завршување на локалните избори Владата се враќа на реформската агенда и уште поагресивно ќе се посвети на мерките и активностите што се во насока на отстранување на сите забелешки и пречки за евроинтегративните процеси на Република Македонија, нагласи Османи.
Тој додаде дека граѓаните испратиле јасна порака до политичките претставници, во првиот круг на локалните избори, што претставува потврда за исправноста на евроатлантската агенда на Владата .
На средбите биле отворени темите за европските предизвиците со кои се соочуваат сите европски земји, без разлика дали се или не се членки на Унијата.
Биле разменети мислења за предизвиците кои произлегуваат од мигрантската криза, напливот на политички радикализам на европското тло, заканата кон општествата поради проширувањето и влијанието на лажните вести.
Оценето е дека се работи за заеднички предизвици, за кои е потребно интензивирање на меѓусебната соработка, а Османи ја изразил недвосмислена волја на Македонија и со сопствен придонес и соработка да се вклучи во справувањето со овие предизвици.
Претходно Османи се сретна и со министерката за европски прашања при Министерството за надворешни и европски работи на Франција, Натали Лоазо, со која разговараше за евроатлантските перспективи на земјава и можните конкретни чекори од страна на Франција и останатите земји-членки на Унијата за поддршка на напредокот на земјата кон интеграцијата во ЕУ и НАТО.
Ново на Сител
-
Конте: Реализацијата е нашиот најголем проблем
-
Тухел сака да го види Халанд во Челзи
-
Медиуми: УЕФА сè уште планира ЕУРО 2020 да се одржи во 12 градови
-
Повеќе од 200 обвинети за насилствата во Вашингтон, за уште 400 се води истрага
-
Новата американска администрација до лето ќе обезбеди уште 200 милиони дози вакцини
-
Сеизмолошка со детали за петте потреси во Маврово: Најсилниот бил 3.7 степени
-
Во Кина вакцинирани преку 22 милиони луѓе
-
Тајванец поради непочитување на карантинот треба да плати 35.000 долари