Македонија
8. јуни 2018 - 8:35

Османи: Важно е да се задржи довербата помеѓу Скопје и Атина

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи во интервју за МИА нагласува дека е важно да се задржи довербата меѓу Македонија и Грција во процесот на преговори за решавање на спорот за името. 

- Лично сум оптимист. Последните метри од секоја трка се најтешки. Тука се разликуваат лидерите од другите. Треба да се издржи овој последен период од маратанот и да заврши позитивно. Тоа ќе ја одблокира целата држава, вели Османи во интервјуто за МИА дадено по средбата во Брисел со високата претсавничка на ЕУ Федерика Могерини.

Се сретнавте со високата претставничка Федерика Могерини, што и порачавте?

- Ја информирав за развојот на преговорите во последните часови помеѓу двете страни, за напредокот меѓутоа и за разликите кои сѐуште постојат и дека е потребно секој добронамерен да помогне да се надминат овие разлики во позитивна атмосфера во овој процес на меѓусебна доверба. Важно е да се задржи довербата помеѓу страните бидејќи тоа е важно за било каков позитивен исход. Лично сум оптимист. Последните метри од секоја трка се најтешки. Тука се разликуваат лидерите од другите. Треба да се издржи овој последен период од маратанот и да заврши позитивно. Тоа ќе ја одблокира целата држава

Дали ова значи дека процесот е заглавен?

- Не можам да навлегувам во деталите бидејќи е сензитивно. Постои конструктивен дијалог во однос на предлогот на медијатроот, и се разгледува во двата главни града...

Велите „важно е да се задржи довербата“, значи ли ова дека има ризик да се изгуби.

- Немам такви индиции, но од искуство и поука од тешки процеси, последните метри се најисцрпувачки дури и на психолошки план, треба да останеме фокусирани, во меѓусебна доверба и така да стигнеме до крајот.

Дали кога велите да се вклучи секој добронамерен, тоа значи дека побаравте од Могерини да се вклучи во процесот.

- Могерини секогаш била поддржувач, преку охрабрување, има дадено исклучително важен придонес, и уште едно охрабрување на страните од нејзината страна мислам дека секогаш може да е од помош.

Се сретнавте и со дипломатите од Советот на ЕУ задолжени за Западен Балкан, каде во моментов се драфтираат заклучоците од идниот Самит каде Македонија очекува старт на преговори. Ги видовте ли заклучоците?

- Генерално се позитивни но се финални заклучоците, ќе има уште „инпути“, одлуката за преговори се носи директно на Самитот. Но проценката и оценката за состојбата во државата, мислам дека моето обраќање беше навремено, и им ја пренесов важноста на одлуката која ќе се донесе месецов и којашто ќе биде судбоносна за иднината на државата, ентиузијазмот што го имаме кон институциите на ЕУ. Но и сето тоа што го правиме во реформскиот процес, во којшто наметнавме одржлив и неповратлив процес на реформи, дали во судството, дали во администрацијата, безбедносните лужби, покажавме дека сме кредибилен партнер, и во безбедносните предизивици на ЕУ, и дека дека заслужено бараме датум за преговори.

Имавте ли прилика да разговарате со францускиот или холандскиот претставник, или било кој од оние кои се против проширувањето?

- Моето чувство е дека доколку успееме да го затвориме прашањето со името ќе имаме силна платформа да ги убедиме сите за датум.

А ако не се реши?

- Позициите ќе бидат многу потешки ако не се реши името.

Го презентиравте Планот 18, што истакнавте?

- Истакнав дека реформите за државата не беа некој ад хок процес, туку аргументирав дека неколку дена после препораката беше најдинамичниот период за усвојување на реформите. Значи дека ние сме посветени за одржлив е неповралтив процес на реформи. Соодветниот чекор после 369 ќе беше отворање на поглавјата 23, 24 меѓутоа за да не ризикуваме да има дупка помеѓу планот 369 и отворањето преговори го лансираме планот 18. Којѓто ги имаме истите столбови како 369 – судство, администрацијата, безбедносни служби. И тоа е продолжување на листтаа на закони предивдени во стратегијата, планот 369 можеше да се носат законите кои ја поставуваат рамкта, но суштинските реформи следуваат во планот 18.

На пример во делот на правосудството, законот за кривична постапка,законот за јавно обвинителство, третиот пакет амандамни за улогата на Судскиот совет, и мерките за дисциплинирање и отпуштање на судии, нели беа порано инструментализирани во политичко влијание и со новата стратегија се предвидуваа фази на мерки со цел псотепено да се среди таа област. Исто така операционализација и ставање во фукнција на ОТА, улогата на Собранието во надзорот на безбедносните служби, ги информирав минатата недела дека парламентарната комисија за надзор на УБК, којашто е претседавана од од опозицијата, имаше суштинска контрола на работата на УБК, и мислам дека такви информации побудуваат значаен интерес овде во Брисел.

Се сретнавте и со комесарката за трговија околу ризикот од воведување на рестрикции за увозот на челик во ЕУ од трети земји. Успеавте ли да ја убедите да ја изземе Македонија?

- Производството и извозот на челик е исклучително важно. Евентуалните ограничувања количински или воведување на тарифи ќе има страотни последици врз таа индустрија во која се вработени 5.000 луѓе, меѓутоа и врз севкупната економија. Реков дека Македонија опфаќа само еден отсто од увозот во ЕУ и дека економијата е клуччен поддржувач на реформите, тоа ќе има домино ефект врз другите сектори вклучително и политичкиот процес. За нив е тешко да имаат двојни стандарди за земји кои несе членки освен Норвешка со која имаат специјален статус. Јас реков дека имаме Договор за стабилизација и асоцијација, дека сме целосно интегрирани со ЕУ, 70 отсто од нашиот експорт оди во ЕУ, 60 доаѓа од ЕУ, дека можене да бидеме изземени, но тоа не може да се вети во оваа фаза додека не заврши истражувањето за заштитните мерки, но сметав дека е навремно да се алармира.

Успеавте ли да ги убедите?

- Тие сметаат дека треба да заврши истрагата, за да можат потоа ограничувањата да бидат врз основа на историскиот тек на извоз и тука има различни индикатори, бидејќи историскио тек во последните три години беше во екот на политичката криза и дека ако тие стапки ги имаме како ограничувања за извоз тие нема да бидат поволни, меѓутоа мислам дека нашите информации ќе придонесат позитивно во нивното одлучување.

Што значат тие традиционални текови за Македонија?

- Зависи какви мерки ќе донесат, дали ограничување во колични или воведување тарифи, ќе се знае откако ќе дојдат први резултати од истрагата во јули, но пораката е Македонија да не биде многу загрижена.

Може ли Македонија да ги пренасочи тие количини на други пазари, имаме ли план Б?

- Ние извезуваме еден до два отсто во САД, уште некој процент во други пазари значи најповолен пазар ни е ЕУ, прво очекуваме кои ке бидат резултати од истрагата и мерките, а потоа ќе одговориме. Основната порака е Македонија да не биде многу загрижена.

Има ли план Б?

- Мислам дека индустријата заедно со ресорите во државата ќе треба да размислуваат за сите опции. Мое беше да ги мобилизрам институциите во ЕУ.

Тања Милевска/МИА