Османи: Успешното партнерство меѓу агенциите на ОН и Владата трае повеќе од 20 години
Обединетите нации со своите агенции во Република Северна Македонија се партнер на Владата во дијалогот за секторските стратегии и политики и активни поддржувачи во секторската координација преку проекти кои континуирано се спроведуваат во последните 20 години, порача вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната средба во Скопје со Росана Дуџак, постојаната координаторка на ОН во земјава.
На средбата, информираат од Кабинетот на Османи, стана збор за следните чекори и начини за дополнително јакнење на стратешкото партнерство помеѓу Република Северна Македонија и Обединетите нации, со посебен акцент на постигнувањето на Целите за одржлив развој.
За време на разговорот, вицепремиерот Османи изразил благодарност за огромната и континуирана поддршка што нашата земја ја има од ОН во процесот на демократизација на државата, како и за поддршката во позначајни области за граѓаните, особено во делот на заштитата на животната средина.
Во овој контекст тој го изразил своето задоволство од работата на канцеларијата на УНОПС што беше отворена минатата година, во насока на имплементација на средствата од Норвешка и Шведска, чија билатерална поддршка претставува основа за имплементација на проектите на УНОПС во Северна Македонија за поддршка на процесот на европска интеграција.
Ново на Сител
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО
-
За викендот дожд и грмежи, а на планините снег