Македонија
19. September 2020 - 11:52

Османи: Со Бугарија ќе разговараме на највисоко ниво

Министерот за надворешни работи вели дека има интензивни разговори и со Бугарија и со земјите-членки на ЕУ во однос на меморандумот со кој официјална Софија постави услови за старт на преговорите помеѓу Македонија и ЕУ.

"Мора да продолжиме со разговори бидејќи друг пат нема, ние од овој договор не се откажуваме. Меѓутоа овој меморандум отстапува од принципите на договорот за добрососедство и затоа во мојата комуникација со бугарската министерка за надворешни работи Захариева се договоривме разговорите да продолжат на највисоко ниво, како и работата на комисијата за историски прашања, вели Османи.

Во однос на барањето на ВМРО-ДПМНЕ меморандумот на Бугарија да се разгледува во Собранието и Македонија да изготви контра-резолуција на бугарските барања, Османи вели дека сака и очекува искрена соработка со опозицијата во овој четири годишен мандат, но дека нема да дозволи тоа да премине во политичко шоу за дневно политички поени.

 

Деспина Тодоровска