Османи: Следната година историска за Македонија
Следната година претставува историска година за Македонија по прашањето на интеграциите на земјата и за овие наши амбиции очекуваме поддршка од страна на Естонија, истакна вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на средбите во Талин со високи естонски претставници.
Османи се сретна со Клен Јарац, директор на Канцеларијата за европски прашања при Владата на Естонија, со Томас Витсут, претседател на Комисијата за европски прашања при естонскиот Парламент, како и со Ерик Нилс Крос, претседател на парламентарната група меѓу Македонија и Естонија.
Османи на средбите ја потенцирал новата политичка енергија во насока на европскиот оптимизам кој се создаде со формирањето на новата Влада во Македонија, а која граѓаните ја потврдиле и на последните локални избори, соопшти Кабинетот на вицепремиерот.
Се разговарало и за билатералната соработка меѓу Македонија и Естонија, регионалната соработка во рамки на земјите од Западен Балкан, како и проширувањето на Европската унија со земјите од регионот.
Посебен акцент на средбите бил ставен на соработката на националните парламенти во рамки на парламентарната група помеѓу Македонија и Естонија како и на унапредувањето на односите помеѓу двете земји, соопшти прес-службата на Кабинетот на вицепремиерот.
Османи ги потенцирал добрите билатерални односи кои се во насока на поддршка за евроинтегративните процеси на земјава од страна на Естонија.
На средбите беа отворени и прашања за справување со европските предизвици, како што се лажните вести, пробивот на радикалниот популизам, национализмот, геополитичко влијание од Исток, предизвиците на мигрантската криза итн. Беше констатирано дека сите регионални и европски предизвици на Балканот треба да се решаваат во насока на европските вредности, и најдобро, со засилување на европските перспективи на регионот, како и со задржување на кредибилноста на процесот на проширување.
За време на разговорите заеднички било констатирано дека улогата на националните парламенти и Европскиот парламент е од клучно значење за процесот на проширување и за новите политички реформи на ЕУ.
Вицепремиерот вчера оствари средба и со шефот на естонската дипломатија Свен Миксер.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација