Македонија
22. јуни 2021 - 13:57

Османи: Радев има целосен политички мандат и само тој може да го повлече ветото

Точни се првичните информации кои доаѓаат од Луксембург дека Бугарија не е спремна да даде зелено светло за преговарачката рамка и за одржување на меѓувладината конференција во јуни, кажа денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој напомена дека можноста е теоретска на 24 и 25 на Самитот на лидери имајќи ја предвид политичката ситуација во Бугарија.

„Во моментов  во Бугарија има комплексни политички услови и контекст и единствено претседателот на државата има целосен политички мандат. Тоа е можност и да се повлече ветото, односно да се донесе одлука на самиот Самит на лидери и тоа не е прашање дали сум оптимист или не, туку е прашање на констатација на Европската Комисија на сите 26 земји членки“, рече Османи.