Османи: Продолжува усoгласувањето на акцискиот план со Бугарија
Продолжува комуникацијата со Бугарија на политичко ниво, меѓутоа се разбира и работата на Комисијата за историски и образовни прашања. Но, не секогаш на секоја средба на комисиите може да се очекува по некој спектакуларен резултат, и затоа е интенцијата овие средби да бидат почести за да се дојде до решенија, изјави денеска министерот за надворешни работи, одговорајќи на новинарско прашање за последната средба на заедничката македонско-бугарскка комисија на која не беше постигнат позначителен напредок за отворените прашања.
– Имало прогрес вчера, усвојување на записникот, разговарано е отворено, конструктивно, но не е постигнато одредено усогласување за прашањето за препораките во делот на учебниците итн. што не значи дека разговорите од вчерашната и завчерашната средба не се добра основа за следната веќе која што е закажана за месец дена да може да се најде одредено решение, рече Османи.
Смета дека е добро да има почести средби, и оти со таков пристап полесно ќе се дојде до повеќе заеднички заклучоци.
Османи посочи дека во меѓувреме проодлжува и усогласувањето со Софија околу акцискиот план. За то пред два дена разговарал во Софија со бугарската колешка Екатерина Захариева , а комуницираат и двете министерства со цел да може да се пристапи кон следниот чекор, а тоа е одржување на меѓувладината средба.
– Мислам дека засега прашањата за коишто разговараме се јасни. Нашата интенција е дека треба да се вратиме на Договорот, на начелата на Договорот или инструментите коишто ги предвидува Договорот. Мислам дека се повеќе од бугарска страна се потврдува таа интенција дека само Договорот е решението, а Договорот има јасни утврдени насоки кои се разликите и како треба да се надминат разликите. Мислам дека отворање на дополнителни прашања не е во интерес ниту на двете страни,ниту на процесот, изјави миниситерот за надворени работи Бујар Османи на денешната заедничка прес-конференција со директорот на Државниот завод за статостика Апостол Симевски.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари