Османи: Почетокот на преговорите со ЕУ зависи само од нас
Веќе немаме пречки на патот на нашето европско интегрирање. Почетокот на преговорите зависи само од нас. Ова го истакна вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешниот 41. по ред состанок на Работниот комитет за европски интеграции (РКЕИ), на кој беа отворени актуелните теми поврзани со европските интеграции на земјата: објаснувачкиот скрининг, статусот на имплементација на Планот 18, статусот на апсорпцијата на ИПА и сл, соопшти неговиот кабинет.
-Штотуку се вратив од две многу важни посети, на земјата претседавач – Романија, како и Финска која по Романија ќе претседава со Европската Унија. И не само таму, туку и на сите останати средби и разговори, пораката која ја добивам е јасна – веќе немаме пречки на патот на нашето европско интегрирање и почетокот на преговорите зависи само од нас, истакна Османи на почетокот од состанокот.
Тој посочи дека токму овој Работен Комитет ја претставува сржта на раководната структура која треба да ги испорача предвидените реформи во следните два месеци.
-Фокусот во претстојниот период ќе биде на мерките кои се преземени за реализација на препораките од Извештајот на Европската комисија за 2017 година, обрнувајќи посебно внимание на Итните реформски приоритети, двата извештаја на групата високи експерти во областа на владеење на правото, Планот 18, укажувањата и препораките од состаноците на телата во рамки на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, препораките од Извештаите за спроведените оценски мисии и одржаните технички состаноци, и во таа насока денес ќе ги разгледаме досега реализираните активности, посочи Османи.
На состанокот, како што се неведува, беше направен пресек на клучните индикатори по кои се следи напредокот во процесот на европската интеграција на нашата земја. Беа разгледани и статусот на реализацијата на НПАА 2019-2020, статусот на спроведувањео на ИПА, како и статусот на реализација на обврските од оценските мисии.
Работниот комитет за европски интеграции (РКЕИ) претставува највисоко административно тело на Владата во кое членуваат државните секретари на министерствата, претседавачите на Поткомитетите, Генералниот секретар на Владата, како и дел од администрацијата на Секретаријатот за европски прашања.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење