Османи: Победникот од албанскиот блок треба да ја претставува волјата на Албанците
Онаа политичка партија што на парламентарните избори ќе победи во албанскиот блок треба да ја претставува волјата на Албанците, доколку победат партиите кои ќе направат предизборна коалиција и тие треба да влезат во власта.
Ова го изјави вицпремиерот за европски прашања Бујар Османи, одговорајќи на новинарско прашање во врска со можни предизборни коалициина партии од албанксиот блок со СДСМ.
-Една грешка е направена во 2006-2008 година кога во влада влезе партија која не ја претставува волјата на Албанците и тоа предизвика длабока политичка криза, брзи предвремени избори, блокирање на Собранието. Затоа што системот по Рамковниот договор не препознава поинакво претставување освен на тој што ја претставува волјата на Албанците. Доколку победат овие партии се разбира дека тие ќе влезат во власта, меѓутоа тој што ќе победи кај Албанците тој ќе ги претставува Албанците во владата, истакна Османи по денешното сведочење во судот за слулајот „Монструм“.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово