Македонија
8. јуни 2019 - 16:12

Османи: По средбата Меркел-Заев ќе се знае и судбината на Владата

Големите очекувања носат и големи разочарувања и фрустрации, вели вицепремиерот Османи прашан дали земјава ќе влезе во нова политичка криза ако летово од Брисел се врати со празни раце. Тој вели дека датумот за преговори е сигурен, прашање според него е само дали ќе го добиеме летово или пак наесен.
За најавената оставка на премиерот Заев доколку летово останеме без датум, Османи вели дека ќе ја чека средбата со Меркел пред да коментира

Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека граѓаните заслужуваат датум за преговори но оваа власт велат дека е неспособна да ги спроведе потребните реформи.

Премиерот Заев во неколку наврати најави дека ќе го врати мандатот доколку Македонија ова лето не добие датум за преговори. Вчера германските медиуми објавија дека канцеларката Меркел имала цврст став дека земјава не треба да се надева на старт на преговорите пред октомври, но премиерот е уверен дека ќе ја омекне на средбата која со неа треба да ја има идната недела во Берлин.