Македонија
23. August 2018 - 14:36

Османи-Пломп: Како Влада остануваме посветени на ефикасно спроведување на реформите

 Прашања поврзани со активностите на Владата во насока на подготовка за почеток на пристапните преговори, биле тема на денешната заедничка средба на вицепремиерот за европски прашања и главен политички преговарач Бујар Османи и заменик на главниот политички преговарач, Бојан Маричиќ, во Секретаријатот за европски прашања со Амбасадорот на Кралството Холандија Вилем Ваутер Пломп.
 
Како што соопшти СЕП, на состанокот вицепремиерот Османи ја потенцираше и интензивната работа на подготовката на тимот и структурата за преговори.
 
- Вицепремиерот Османи истакна дека Република Македонија интензивно ќе продолжи и со реформските процеси, особено во делот на судството, безбедносните служби и јавната администрација, како и во делот за борбата против организираниот криминал и корупција, но нема да ги изостави и рефромитево сите останати клучни области, се наведува во соопштението.
 
Соговорниците посебно се осврнале на претстојниот референдум, при што вицепремиерот ја потенцираше улогата и одговорноста на политичарите, но и на секој поединец за донесување правилна одлука во интерес на иднината на Македонија.
 
- Евроатлантските перспективи на Владата се недвосмислени и цврсти. Ние сите целосно сме посветени на имплементацијата на превземените обврски, а уверен сум дека и граѓаните на Република Македонија ќе донесат правилни одлуки за иднината на земјата, истакна Османи изразувајќи очекување да продолжат со ист интензите добрите односите меѓу двете земји и искрената поддршка од страна на Кралството Холандија за нашите евроатлантски, особено во овој клучен период за иднината на земјата.