Македонија
3. October 2017 - 17:58

Османи-Пацоли: Заедничка владина седница меѓу Македонија и Косово

Одржување заедничка седница на владите на Македонија и Косово и олеснување на протокот на граничните премини меѓу двете земји, беше тема на денешната средба на вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Бујар Османи со вицепремиерот и министер за надворешни работи Беџет Пацоли во Приштина. 

На средбата, како што пренесува Косовапрес, станало збор и за  заеднички проекти во рамките на Берлинскиот процес, како и за можноста за воспоставување заедничко царинење.

Размената на искуствата во однос на процесот за евроатлантските интеграции, исто така, беше темата за која и двете страни го потенцираа значењето.

Вицепремиерот Османи во рамки на посетата ќе оствари средби и со претседателот на Собранието Кадри Вејсели, премиерот Рамуш Харадинај и со вицепремиерот Енвер Хоџај.

Европските перспективи на земјите од Западниот Балкан до 2025 година ќе бидат тема и на обраќањето на вицепремиерот Османи пред студентите на Универзитетот за бизнис и технологија (УБТ) во Приштина.