Османи: Ова е време на одлуки со големо „О“
Ова е време на одлуки со големо „О“. За Македонија ЕУ и НАТО интеграцијата е точката која не поврзува во земјата и пред нас имаме една година за да докажеме дека го заслужуваме членството, порача вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ Бујар Османи на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции.
- Ова е време на одлуки со големо „О“. Станува збор за големи историски одлуки, стратешки, државни кои секој од нас ќе треба да ги донесе по сопствено убедување оти не се само за нас, туку и за идните генерации. Од нас зависи дали ќе одиме напред или ќе се вратиме назад. Оваа можност која е пред нас се појавува само еднаш и не смееме да ја испуштиме. Немаме повеќе време за губење, рече Османи на седницата на која присуствуваа и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и известувачот за Македонија во ЕП Иво Вајгл.
Посочи дека ова не е успех само на оваа Влада, туку и на сите претходни и нагласи дека земјата оди напред бидејќи, вели, свесни сме дека нашите одлуки се правилни. Посочи дека нема простор за дилеми и дека земјата има капацитет за спроведување на пристапните преговори.
- Нема простор за скептицизам и недоверба бидејќи таа не е основана. Да, ние можеме. Можеме да постигнеме резултати. Нема основа да не веруваме во себе дека овој процес можеме да го поминеме успешно. Моментот е сега, а одговорноста е наша. Не очекува голема работа, заедно сме посилни, порача Османи
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.