Македонија
11. November 2018 - 15:23

Османи од утре во посета на Брисел

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, во својство на главен преговарач  и шеф на државната делегација за преговори со ЕУ, од утре, ќе ја предводи владината делегација во Брисел на работна сесија со претставниците на Европската комисија, каде ќе биде претставено поглавјето 24 – Правда, слобода и безбедност.
 
Како што информираат од кабинетот на вицепремиерот, за време на посетата, Османи ќе одржи и неформален брифинг со претставници на Работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан (КОВЕБ), каде ќе биде претставен и Планот 18, а ќе оствари и работна седба со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.