Османи од Софија: Со Захариева зарзговаравме за секторска соработка и одржување на состанокот на меѓувладината комисија
Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук-профил објави дека попладнево во Софија се сретнал со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева, со која разговарал за секторската соработка и подготовките за одржување на состанокот на меѓувладината комисија.
– На враќање од посетата на Париз, застанав во Софија и се сретнав со министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, со која разговаравме за секторска соработка и подготовките за одржување на состанокот на меѓувладината комисија како инструмент кој произлегува од договор за добрососедство веднаш по усогласување на акцискиот план за секторска соработка, наведува Османи во објавата на Фејсбук.
Како што претходно јави дописникот на МИА од Софија, веднаш по пристигнувањето во бугарскиот главен град, Османи се упатил на средба со бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во владината резиденција во Бојана.
Владиниот портпарол Душко Арсовски на денешната прес-конференција информира дека се очекува централна точка на разговорите меѓу Османи и Захариева да биде Акцискиот план и дека повеќе информации за договреното ќе има по враќањето на министерот од Софија.
– Инаку, знаете дека од претходно, усогласеноста на двата документа коишто ги доставија двете страни е во финална фаза, така што се очекува попрецизно по оваа средба околу идните чекори, рече Арсовски.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација