Македонија
24. February 2021 - 17:11

Османи од Париз замина во Софија, историчарите утре на нова средба

Шефот на дипломатијата Османи  од Париз отпатува во Софија на разговори со колешката Захариева. Ненадејната посета на Османи се должи на акциониот план чија цел, според најавите е да ги релаксира односите и да ја врати довербата меѓу Скопје и Софија.

-Очекувано централна точка на преговорите е да биде  Акцискиот план, штом се врати од оваа посета ќе имаме повеќе информации во МНР и во Владата во однос на тоа што е постигнато. Инаку, знаете дека од претходно, усогласеноста на двата документа коишто ги доставија двете страни е во финална фаза, така што се очекува попрецизно по оваа средба околу идните чекори

Османи во Франција  доби поддршка за почеток на прегворите , но министерот за европски прашања Драјан потенцираше дека ке треба да се надмине  и последната пречка, потребниот  компромис со Бугарија . Утре и задутре макеоднско буграската комисија за историски и образовни прашања ке  одржи  нов  состанок со систите точки како од мината средба разгледување на учебниците и Гоце Делчев. Владата тврди дека акцискиот план, кој на  јавноста се уште не и е достапен, е речиси 90 проценти изготвен и усогласен во ресорните сектори. Од Министерството за надворешни работи посочуваат дека се работи за план кој ке се фокусира на реални проекти  од сите сфери на животот преку кои ке се спојат двет страни, додека пак разликите околу јазикот и историјата ке се остават настрана, иако токму порадфи нив Бугарија го блокираше пристапниот процес на Македонија во ЕУ.