Македонија
26. March 2021 - 16:39

Османи очекува меѓувладина конференција во јуни

Отпочнување на преговори и меѓувладина конференција во јуни. Сите земји членки на Унијата работат на овој временски таргет за Македонија вели министерот Османи, без коментар за вчерашните амандмани во европарламентот. Според него почнување на преговорите  веќе не е само прашање на убедување и волја, туку и конкретни чекори кои ќе се знаат во следниот период. 

– Клучната порака од вчерашната резолуција е дека Република Северна Македонија испорача и дека сега е време на ЕУ да ја испорача и сите вакви резолуции, заклучоци, информации на европските институции само ја потврдуваат европската перспектива на државата, нагласи Османи. Очигледно дека имавме јасна недвосмислена поддршка од 26 земји членки за текстот на преговарачката рамка и за почеток на преговорите уште минатата година, но треба согласност од сите 27 земји за да може да се усвои текстот и да се одржи првата конференција, рече Османи.

Османи не очекува суштински напредок и затворање на прашањето со Бугарија пред да се одржат изборите таму. 

-Во овие последни денови пред изборите во Бугарија, рече, можам да посакам успешни избори таму и брзо формирање на институциите со цел  да продолжиме со комуникацијата во делот на дефинирање на терминот за состанокот на првата меѓувладнина комисија и со тоа да се дефинира тој акциски план кој го предвидовме во рамки на таа соработка.

Историските комисии уште не го усогласиле текстот за годишниот извештај за својата работа. Се очекува следната недела да се договори датумот за состанок на Комисијата.