Македонија
24. November 2017 - 16:46

Османи очекува датум за преговори во јуни, писмото од Брисел било со забелешки а не со критики

Владата не добила писмо со критики од Брисел , вели вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, туку се работи за забелешки и насоки од редовните консултации мегу двете страни.

Османи тврди дека Владата ги почитува роковите и приоритетите од планот 3-6-9 од реформската агенда. Тој потврди дека во следните шест дена клучни ке бидат законските измени во секторот на судството и безбедноста. Што се однесува до законот за јазици, вицепремиерот вели дека тој би требало да помине во парламентот до јануари. Османи  инсистира дека овој закон е клучен и покрај тоа што Хан пред неколку дена посочи дека  тој не е приоритетен  за евроинтегративниот процес.

Вицепремиерот вели дека е во постојан контакт со кабинетот на престедателот, чија институција исто така е вклучена во реформите.  но и со опозицијата од која очекува поголема вклученост во  евроинтегративниот процес.

Османи се надева дека во февруари земјата ке добие препорака за почеток на прегворите со ЕУ, а во јуни и датум. Тој посочи дека не постои услов до јуни да се реши спорот со името за да се добие  датум.