Македонија
25. May 2022 - 21:11

Османи: Нема поместување во разговорите со Бугарија - Дендиас: Целосна поддршка од Грција за итно почнување преговори со ЕУ

Грција даде целосна поддшка за влез на Македонија во Европската Унија. 

Преговорите да започнат веднаш, побара шефот на грчката дипломатија, Никос Дендијас, на денешната посета во Скопје, потенцирајќи дека соседна Грција е заедно со Македонија на нејзиниот пат до европското семејство.

Но поддршката од јужниот сосед, сепак не е доволна - статус кво во преговорите со Бугарија. Комуникација меѓу двете земји има, но не и решение на повидок. Дијалогот со Софија сепак продолжува, вели министерот Османи.

Османи за случувањата на бугарската политичка сцена и најавите дека Владата на Петков во секој момент може да падне, не сакаше да коментира. 

Комуникацијата со Бугарија вели, се води од нашите позиции, за кои е оптимист дека ќе дадат позитивен резултат.