Македонија
22. November 2020 - 16:37

Османи не губи надеж за старт на преговорите

До самитот во декември Македонија не губи надеж дека ќе ги стартува преговорите со Унијата. Министерот Османи вели дека и по ветото, преговорите со Бугaрија активно продолжуваат на сите нивоа. Решението на отворените прашања според шефот на дипломатијата е во враќање на довербата во потпишаниот договор.

Османи вели дека активно комуницира и со македонските членови на историската комисија. Токму состанок кој македонските и бугарските историчари ќе го одржат во текот на декември е нова надеж за приближување на ставовите.  

ВМРО-ДПМНЕ пак и денеска обвинува дека македонските евроинтегарции се заложник на ветувањата кои премиерот Заев ги има дадено кон одредени структури во Бугарија. Опозицијата прашува со што се е тргувано во Берлин.

Според ВМРО-ДПМНЕ само со оставки на Заев и Димитров и формирање на влада за национален спас, Македонија ќе може да го продолжи европскиот пат и да ги стартува преговорите со Унијата.