Македонија
24. April 2018 - 8:52

Османи на Самитот на ЈИЕ во Брдо кај Крањ

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска ќе учествува на Самитот на шефови на држави или влади на земјите-членки на процесот на соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) што се одржува во Брдо кај Крањ, Словенија.

Главна тема на Самитот ќе бидат предизвиците и можностите за унапредување на меѓусебната соработка. 

Процесот за соработка на Југоисточна Европа е иницијатива за регионална соработка каде покрај Македонија членуваат и Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Молдавија, Романија, Србија, Турција, Хрватска, Црна Гора, Словенија и Косово.