Османи на министерски состанок за надворешни работи со земјите од Вишеградската група и Западен Балкан
Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи утре во Познан ќе учествува на годишниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Вишеградската група – В4 и земјите од Западен Балкан – ЗБ6, што се организира во рамки на Полското претседавање со Вишеградската група.
На состанокот се очекува да се отвори дискусија за последните случувања поврзани со процесот на проширување на ЕУ по состаноците на Советите на ЕУ, а ќе се разговара и за регионалната соработка и пост-пандемиското економско заздравување на регионот.
– Имајќи ја во предвид важноста на ЕУ интегративниот процес, од страна на Европската Комисија на овој состанок ќе учествува еврокомесарот за добрососедство и проширување, Оливер Вархеји, а ќе бидат присутни и министрите за надворешни работи на Словенија и Хрватска, се наведува во соопштението од МНР.
Ново на Сител
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто
-
24-годишна девојка нападната од нејзиниот невенчан сопруг
-
Силувана малолетничка во Шуто Оризари
-
Во Крива Паланка излезноста до 13 часот е 42,08 отсто
-
Излезноста до 13:00 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто
-
Во Велес и велешко до 13 часот излезноста е 29,56, во Градско 33,51 процент
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче