Османи на ЦЕИ во Њујорк: Бугарија и Грција ни помогнаа да ја надминеме кризата
Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи учествуваше на неформален состанок на министрите на надворешни работи на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), кој се одржа на маргините на 77-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
Министерството за надворешни работи информира дека во фокусот на обраќањата на претставниците на земјите членки на ЦЕИ беше руската воена агресија врз Украина и начинот на кој ЦЕИ може да ѝ помогне на оваа земја.
-Се разговараше и за модалитетите како Иницијативата може да пристапи кон актуелните предизвици директно поврзани со војната – енергетска криза и нарушувањето на синџирот на снабдување. Во таа насока, министерот Османи повика на вклучување на земјите од Западен Балкан во заедничките механизми на ЕУ за справување со економските, финансиските и енергетските последици од инвазијата врз Украина. Како позитивен пример, во тој поглед, ги посочи одлуките на владите на Бугарија и Грција да ѝ помогнат на Северна Македонија да го преброди недостигот од енергенти, соопшти МНР.
Османи се осврна и на проширувањето на ЕУ, за кое нагласи дека треба да се гледа како „најадекватна инвестиција за безбедноста на самата Унија и европскиот континтент во целина“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација