Османи-Могерини: Владеењето на правото-континуиран бенчмарк за европските интеграции
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи во рамките на посетата на Брисел имаше средба со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателката на Европската Комисија, Федерика Могерини, соопшти Секретаријатот за европски прашања.
-Се наоѓаме буквално на 30 дена од големата одлука за старт на преговорите, со што ќе се стави точка на заедничките напори изминативе две и пол години, за враќање на европската агенда во Република Северна Македонија, како и враќање на процесот на проширување високо на агендата на Унијата, рекол Османи на средбата, пренесувајќи ја благодарноста на Владата за несебичното залагање на високата претставничка за севкупниот успех на овој процес.
Ве уверувам, додал Османи, дека и во овој краток период што ни претстои, буквално херметички ќе ги затвориме сите евентуални можности за изговор или скептицизам кај земјите – членки, и со тоа заслужено ќе ја обезбедиме одлуката за старт на преговорите.
На средбата Османи реферирал и за последните актуелности во земјава особено во областа на владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупција.
– Без разлика што не претставува формален услов за одлуката во октомври, владеењето на правото останува наш постојан бенчмарк за кој ве уверувам дека нема да има никакви отстапки, ниту од аспект на институционалната поставеност за борбата против криминалот и корупцијата, ниту по основ на континуираниот ‘трек – рекорд’, во спроведувањето на владеењето на правото, истакна Османи.
За време на посетата на Брисел Османи ќе има средби и со Државната секретарка за европски прашања, и претставничка на Република Хрватска во ЕУ, Андреја Метелко-Згомбич, а подоцна ќе оствари и работна средба со Директорката за Западен Балкан во рамките на Генералниот директорат за соседство и проширување во Европска Унија, ДГ НЕАР, Геновева Руиз Калавера.
Работната посета на Брисел е дел од турнејата на вицепремиерот Османи низ метрополите на земјите членки на ЕУ, по која следат посетите на Берлин и Варшава кон крајот на неделата.
Ново на Сител
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела