Македонија
11. February 2020 - 15:33

Османи – Јанакакис: Посветени сме на доследното спроведување на Договорот од Преспа како гаранција за нашите ЕУ и НАТО перспективи

Прашањата за односите меѓу двете земји, актуелностите при спроведувањето на Договорот од Преспа, а во контекст на европските интеграции на земјава биле тема на денешната средба на заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи со амбасадорот на Република Грција, Димитрис Јанакакис.
 
-Како Секретаријат задолжен за европските прашања, во континуитет се залагаме и повикуваме на целосно почитување на Уставот, законот, ратификуваните договори и другите акти, особено оние кои претставуваат темел на нашите европски интеграции. Почитувањето и доследното спроведување на Законот за употреба на јазиците, Договорот од Преспа, не само што претставуваат законски обврски, туку се во насока и на остварување на европските и евроатланските перспективи на земјава, истакна Османи на средбата, коментирајќи ги последните актуелни случувања кои беа предизвикани од дел од техничките министри во Владата, соопшти СЕП.
 
Османи упати уверување до амбасадорот Јанакакис, дека Секретаријатот за европски прашања, и лично тој како вицепремиер, ќе останат посветени на целосно спроведување на сите обврски на земјава, како гаранција за нашите европски и евроатлански перспективи, стои во соопштение