Османи: Изборите се успешни, ДУИ победува во три општини уште во првиот круг
Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи на првата прес-конференција по завршувањето на гласањето за локалните избори истакна дека првично очекуваат победа во три општини уште во првиот круг. Тој рече дека голема предност неговата партија има и во речиси сите општини каде имаат кандидати.
-Според прелимирнарни резултати од досега изброените гласови, уште во првиот круг очекуваме победа на ДУИ во Сарај, Пласница, Липково. ДУИ има предноста во сите други општини каде учествува со свои кандидати и можам да кажам целиот дел е озеленет. Според првичните сознанија, ДУИ е во предност на пример во Чаир имам непотврдени сознанија дека односот е 2-1 за ДУИ и голема е предноста и можноста за победа уште во прв круг, но немам дефинитивна потврда. Во Куманово односот е 3-1 за ДУИ. Трендовите водат кон голема победа на ДУИ, истакна на прес-конфренцијата Бујар Османи.
Според портпаролот на ДУИ, првиот круг успешно е завршен, а заедно со кампањата тој оцени дека е создаден еден круг на политички успех.
– Изборите заврпшија успешно и покрај мали технички предизвиоци кои брзо се отстрануваа и не го попречија изборниот процес. Излезност надмина до 50 отсто и дава суштински политички летгитимети со полн авторитет избраните претставници да ги презематат функциите и со полн капацитет да ги спроведат политичките ветувања во кампањата, истакна Бујар Османи.
Оцени дека со изборите се потврдува успехот на државата како политички зрела демократија, земја која не случајно е членка на НАТО и кандидат за влез во ЕУ.
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре започнува изборниот процес - Во домашни услови ќе гласаат болните и изнемоштените лица
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Тема на денот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
-
Конкурсот за АСЈО повторно пред Уставен, одлука ќе носи вечерва
-
Со куфери и авионски билети приватните специјализанти протестираа пред Министертсвото за здравство