Македонија
16. September 2021 - 20:28

Османи и Гервала потпишаа Договор за соработка во областа на дијаспората

 Министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Гeрвала-Шварц денеска потпишаа Договор за соработка во областа на дијаспората.

 – Договорот се потпиша во рамки на заедничкатa седница на Владите на Република Македонија и на Република Косово во Скопје. Со овој договор се овозможува размена на искуства и активности, имајќи го предвид значајниот број граѓани од двете држави кои живеат во странство, соопшти МНР.

Министерството посочува дека денеска беа потпишани 11 договори и меморандуми за соработка, со кои бројот на потпишани документи со Косово од 42 се зголеми на 53.