Македонија
26. September 2021 - 12:20

Османи го честита Европскиот ден на јазиците

Министерот за надворешни работи Бујар Османи го честита Европскиот ден на јазиците.Тој истакна дека и нашата држава е меѓу 47 земји членки на Советот на Европа кои го одбележуваат овој ден.

-Дваесет години ја славиме јазичната и културна разновидност во Европа. Денес, 26 септември, 47 земји членки на Советот на Европа го одбележуваат Европскиот ден на јазиците! Меѓу нив и Северна Македонија, која со гордост ја истакнува и промовира сопствената јазична, културна и етничка разновидност, како највисок дострел на успешноста на нашето мултикултурното општество.Од заедничката цврста определба за заштита, промоција и нега на посебноста на македонскиот јазик во меѓународна смисла, па се до високите стандарди за службената употреба на албанскиот јазик во сите сфери на општеството. Денес ја славиме различноста која нѐ обединува во успехот да изградиме заедничко општество во кое секој се чувствува како дома, напиша Османи на „Фејсбук“.