Македонија
14. May 2019 - 16:09

Османи: Ги трчаме последните километри од маратонот

Метлите и политичките кариери се второстепени во однос на стратешката цел, прилучување кон ЕУ, вели вицепремиерот  Османи. Тој е уверен дека Македонија годинава ке ги отпочне преговорите. Не помислува на неуспех, ниту на одговорност.

Сепак, Османи признава дека во ЕУ  постои скептицизам кон проширувањето. Вели дека интензивно се работи  на убедување на оние држави кои имаат дилеми во врска со прифакање на нови членки. 

Македонија  овој месец ке го добие и извештајот на Европската комисија за напредокот на евроинтегративниот пат. Оценката на Брисел  ке биде објавена по европските избори, кои ке се одржат за две недели. Конечната одлука ја носат земјите членки на состанокот во јуни, а кога тоа ке изгледа симулираа денеска студентите  од факултетот Мајка Тереза.