Османи – Генчовска: Директните и интензивни контакти се патот до решенија за отворените прашања
Министрите за надворешни работи, Бујар Османи и Теодора Генчовска денеска на средба во Софија, непосредно пред почетокот на Втората заедничка седница меѓу владите на Република Бугарија и на Република Северна Македонија изразија задоволство од интензивирањето на дијалогот во последните недели, како и уверување дека претстојната седница меѓу владите ќе придонесе за продлабочување на позитивната динамика во односите.
Како што соопшти МНР, двајцата ја поздравија иницијативата за формирање секторски работни групи како средство за надградба на политичкиот дијалог и инструмент за идентификување и искористување на практичните придобивки од поактивната соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија.
-Во рамки на средбата беше разгледана актуелната состојба на политичкиот дијалог и билатералните односи, вклучително и во контекст на имплементацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година. Се разговараше и за доставениот во декември 2021 година, одговор од Северна Македонија на предлозите од Бугарија за пакетот за политички прашања таканаречен „5 + 1”, се наведува во соопштението.
Министерката Генчовска и министерот Османи, како што се додава, го споделија мислењето дека директните и интензивни контакти меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји се правилниот пат за продолжување на напорите за изнаоѓање заемно прифатливи решенија за отворените прашања.
Ново на Сител
-
Петков заминува во посета на Ватикан и Италија
-
Арсовски: Покачувањето на просечната плата е вештачко, стандардот на граѓаните е уништен
-
Каевски: Ребалансот на Буџетот обезбедува заштеди од 200 милиони евра и повисоки плати и пензии
-
Со „фолксфаген артеон“ удрил во 78-годишен велосипедист
-
Малолетник заврши во болница откако бил удрен од „мерцедес“
-
Бектеши: Предвидени 15 милиони денари за ваучери за одмор на вработени со ниски примања
-
ССМ: Во ребалансот не гледаме пари за зголемување од 2806 денари, итна средба со Владата
-
Пороен дожд и грмежи денеска и утре попладне