Османи: ЕУ не е комплeтна без земјите од Западен Балкан
Иднината на Европа не може да се замисли без интеграцијата на Регионот во ЕУ, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на неформалниот состанок за Советот на Европската Унија за општи работи – ГАК, посочувајќи дека процесот на проширување треба да биде силно вклучен во дебатата за иднината на Европа.
Османи на состанокот се осврна на силната стратешка определеност на Република Македонија за својата европска иднина, придонесувајќи притоа позитивно и кон европските перспективи на целиот регион.
-Кога зборуваме за европската иднина на Македонија – најпрво мислиме на младите генерации кои имаат право на подобар живот и пристојни услови да останат да творат во својата земја. Европската индина е единствен рецепт за превенција од ретроградните политички тенденции на Балканот – единствениот одговор на предизвиците за помирување и градење на просперитет и стабилност, истакна Османи.
Во делот на дискусијата за справување со предизвиците на пандемијата, како што соопшти МНР, беше истакнато дека солидарноста, заедничката соработка и координација се предуслови за глобалната анти – КОВИД стратегија. Беа подвлечени досегашните позитивни искуства во справувањето со пандемијата, особено во рамките на копретседавањето на Република Македонија и Република Бугарија со Берлинскиот процес.
Министрите ја реафирмираа потребата за натамошно подобрување на соработката и координацијата во насока на ублажување на економските и социјалните влијанија на пандемијата.
Агендата на состанокот опфаќаше две актуелни теми: иднината на Европа во светло на отворениот широк консултативен процес во рамките на Конференцијата за иднината на Европа и актуелните предизвици на пандемијата КОВИД 19. Посебен простор на состанокот беше даден на група млади луѓе од цела Европа кои ги споделија своите визии за иднината на Европа.
Со Советот претседаваше германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, а покрај редовното учество на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, беа поканети и министрите за надворешни работи од земјите на Западен Бaлкан.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари