Османи – Дуџак: Продолжуваме со активен мониторинг на реформите
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Росана Дуџак, на која било разговарано за новата Рамка за поддршка на развојот за земјата и поддршката од ОН за процесот на демократизација.
Главна тема на средбата, како што информираат од Секретаријатот за европски прашања, била подготовката на новата Рамка за поддршка на развојот за земјата, чија цел е да обезбеди евиденција за напредокот во спроведувањето на реформите кои се предвидени со програмата на Владата, како и да обезбеди мерливи показатели за тоа што е постигнато и што треба да се направи како следни чекори.
– Секретаријатот за европски прашања ја води Рамката за оценување на напредокот (ПАФ), и досега бележиме голем напредок откако повторно ги воспоставивме Секторските работни групи во 2017 година, и во оваа смисла секторскиот дијалог за политики во рамките на ПАФ може да го сметаме за успешна приказна во 2019 година, посочи Османи, додавајќи дека земјата продолжува со спроведување реформи за европска интеграција, за целосна хармонизација и усогласување со европските правила и стандарди.
Во продолжение на состанокот, се вели во соопштението, биле отворени и темите поврзани со постигнувањето на Целите за одржлив развој, поддршката од ОН за процесот на демократизација на државата, како и за поддршката во позначајни области за граѓаните, особено во делот на заштитата на животната средина, со цел дополнително јакнење на стратешкото партнерство помеѓу Република Северна Македонија и Обединетите Нации.
Ново на Сител
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април