Македонија
1. јуни 2020 - 9:58

Османи: Денешните бројки се уште позагрижувачки

„Денес бројот е уште позагрижувачки. Шансите да бидете позитивни или да имате контакт со некој кој е позитивен во последните денови е многу голем.

Затоа ве повикувам да се однесувате како да сте позитивни и како секој со кого сте во контакт да е позитивен.

Не верувајте во теориите на заговор, маската го намалува преносот за 79 проценти, не биди причина за смртта на најблиските“, напиша Османи на Фејсбук.