Македонија
2. July 2020 - 11:07

Османи: Да поминат изборите и ќе почнеме подготовки за попис на населението

Вицепремиерот Бујар Османи најави дека долгоочекуваниот и потребен нов попис на населението во Македонија можеби ќе се случи наскоро.

Да поминат изборите на 15 јули и после тоа ќе започнеме со подготовките за организирање на попис на населението, кратко рече Османи на денешната прес-конференција.

Последниот попис на населението во земјата беше направен во 2002 година, кога регистрирани беа 2.022.547 жители. Последниот неуспешен обид за попис се случи во 2011 година.