Македонија
15. July 2020 - 21:43

Османи: Да ги оставиме зад себе партиските интереси и да се обединиме за првиот премиер Албанец

Бујар Османи од ДУИ се заблагодари на сите граѓани кои решиле да гласаат во услови на пандемија.

„Сега кога гласачките кутии се затворени, да ги оставиме зад себе партиските интереси и да се обединиме за првиот премиер Албанец, затоа што големото мнозинство Албанци го поддржуваат овој концепт“, изјави Османи по затворањето на избирачките места.

Тој очекува голема изборна победа на ДУИ и концептот за прв премиер Албанец.

„Бројката на излезност е силен знак за нашата демократија. Сакаме да оддадеме почит на ДИК и сите луѓе аѓажирани во гласачките места, набљудувачите и активистите. Сакам да изразам благодарност до сите наши илјадници активисти кои се посветија со цела енерија во остварување на нашиот сон“, изјави Османи.

Според него, тие ја оствариле својата изборна цел и го довеле ДУИ во позиција да може да може да се избере првиот премиер Албанец.

„Им благодариме на сите граѓани кои ни го дадоа гласот, ја прифаќаме оваа одговорност и ќе работиме напорно, ќе им служиме на граѓаните“, рече Османи.

Тој очекува уште утре, по верификацијата на резултатите веднаш да започнат разговори за формирање на Владата.