Македонија
23. јуни 2021 - 10:56

Османи: Бугарија не може да блокира колку што ние можеме да биде упорни во евроинтеграциите

Денес е тешко да се рефлектира што понатаму, но ние ќе продолжиме, не се откажуваме, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи за емисијата „Клик плус“.

Според него, во овој процес има се уште енергија.

-Позитивна околност е што Словенија ќе претседава со ЕУ, тие се наши пријатели. Исто така предност е што понатаму Бугарија ќе има стабилна влада. Постои теоретска можност во Европскиот совет на 24-ти и 25-ти јуни, бугарскиот претседател Радев да отстапи. Имало случаи кога на самиот самит се носела одлука, потенцира Османи и додава дека голем влог е даден во овој процес.

-Без да кажувам флоскули, ние сме остров на мапата на ЕУ. Немаме друга опција. Прашање на време е кога ќе ги започнеме преговорите. Бугарија не може да блокира колку што ние можеме да биде упорни во евроинтеграциите, заклучува министерот за надворешни работи.