Македонија
4. December 2022 - 16:39

Османи бара национален консензус за ЕУ агендата, Мицкоски смета дека е можно, но по предвремени избори

Што побрзо треба да се донесат уставните измени предвидени со преговарачката рамка со Европска унија за да почнат преговорите со Брисел, вели шефот на дипломатијата Бујар Османи. Тој повика на државен консезус за, како што вели, европските прашања.

Османи смета дека уставните измени треба да бидат тргнати настрана за да може да почне и расчистувањето со корупцијата на која се погласно реагираат во межународната заедница. Министерот за надворешни работи повика на политичко единство и во антикорупциската борба.

Наспроти него, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, смета дека решението и за уставните измени и за борбата против корупцијата се предвремемни избори.